Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика?

Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше Purple Rain и I Have Nothing, но и дуетите со младиот Христијан Тоневски. Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во НОБ?

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-01.jpg

Вчеравечер (28.02) во Националната опера и балет во Скопје се одржа првата Оскаровска гала вечер. Ова беше ноќ исполнета со многу филмска музика и хитови кои низ годините освоија награда или беа номинирани на Оскар.

Иако знаев дека ќе биде убаво, тоа што се случуваше на сцената, навистина ме воодушеви.

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-19.jpg

Во пресрет на 96-тото доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 10 март, во Скопје се случуваше музичко-сценски настан кој ги заслужи сите аплаузи и пофалби.

Почна со црвениот тепих во фоајето на НОБ, а заврши со стоечки овации за сите кои се појавија на сцената и си го оставија срцето во тие неколку часа.

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-18.jpg

Од првите ноти на Moon River, до финалето со Shallow, ми се чини дека немаше некој што не уживаше во култните My Heart Will Go On, Take My Breath Away, Purple Rain, Shallow, Happy, Beautiful Maria of My Soul, Endless Love, I Have Nothing… но и во музиката од Godfather и Star Wars.

Низ вечерта со оскаровска музика нè водеше Миланка Рашиќ. Ги најавуваше сите изведувачи, па во свој стил на одличен познавач на Оскарите, таа за скоро секоја песна раскажа интересна приказна и ја дополни магијата на музиката што ја слушавме.

„Се надевам дека ова ќе биде прво од многуте дружења со оскаровска музика што ќе го имаме во иднина“, кажа таа на почетокот.

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-06.jpg

Освен со својот шарм, Миланка плени и со изгледот, а носеше раскошен фустан достоен за црвениот тепих на Оскарите.

Подеднакво впечатливи беа и изведувачите. Дамите за оваа гала вечер избраа фустани со светки, во впечатливи бои, а мажите настапија во класични костуми, но и во модерни креации.

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-04.jpg

А, на сцената навистина се случуваше магија. Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше Purple Rain и I Have Nothing, но и дуетите со младиот Христијан Тоневски.

Ни таа не криеше колку е среќна поради искрените реакции на публиката и аплаузот кој не стивнуваше по секоја нејзина изведба.

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-02.jpg

Ништо помалку одлични не беа и Наде Талевска, Весна Ѓиновска Илковска, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Даниел Данн, Андријана Јаневска, Денис Димовски, Маја Гроздановска - Панчева и Игор Дурловски.

Меѓу македонските ѕвезди настапи и гостинката од Црна Гора, оперската пејачка Тамара Раѓеновиќ, која Миланка ја најави како последната ученичка на легендарната Монсерат Кабаље.

kako-si-pominav-na-prvata-oskarovska-gala-vecher-vo-skopje-koncert-posveten-na-filmskata-muzika-05.jpg

Секој настап беше проследен со силен аплауз, а публиката не криеше колку ужива во песните кои одбележаа неколку децении на светската филмска сцена.

Искрено, уживав и јас во тие два и пол часа. Се потсетив на некои малку подзаборавени песни, на филмови кои ми разбудија носталгија, па од концертот заминав со помислата: „Треба пак да го гледаме Robin Hood: The Prince of Thieves“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg