Бојана Скендеровски наполни 40 години: Роденденска прослава во знакот на љубовта и виното
- Детали
- четврток, 15 февруари 2024
Својот роденден пејачката Бојана Скендеровски го прослави во ресторан со семејството, во знакот на виното, љубовта и црвената боја.
Пејачката Бојана Скендеровски го прослави својот 40-ти роденден на Валентајн, со интимна прослава во знакот на љубовта, виното и црвената боја.
Својот најубав ден во годината, Бојана го прослави во ресторан со сопругот, децата, родителите и сестра ѝ.
Taa уживаше во вечерта помината со нив, а на крајот ги дувна и свеќичките на роденденската торта со бројот 40.
„Добредојдовте 40 (и со букви - четириесетти). Бидете добри, ветувам дека ќе останам искрена и верна кон сè што сакам да остварам.
Господе, благодарам што ми го овозможи сето ова - здравје, фамилија, љубов, пријатели. Среќна сум со сè што живеам и имам.
Пријатели, јас сум богата жена духовно, денес денот го направивте посебен за мене со секој момент и гест и со секоја убава мисла што ми ја испративте.
Да сте живи и здрави, одиме понатаму“, напиша пејачката на Инстаграм и сподели неколку фотки од прославата.
Бојана, која публиката ја запозна преку музичкото шоу „М2 Потрага по ѕвезда“, а потоа и како водител на емисијата „Улица Македонија“, периодов беше активна со проектот „Македонијо во срце те носиме“, каде што ја препеа песната „Заветна“.
А. Ј. | Црнобело