Ќерката на Борко Ристовски наполни 1 година: „Ќе бидам покрај тебе додека дишам“
- Детали
- среда, 31 јануари 2024
„Мое око магично. Мое небо ѕвездено. Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од убавини. Ти благодарам што си моја, Анастасија“, напиша Нина, сопругата на поранешниот голман Борко, по повод роденденот на нивната ќерка.
Анастасија, ќерката на Борко и Нина Ристовски, денес (31.01) полни една година. За роденденот, поранешниот ракометен голман и неговата сопруга ѝ направија преслатка фотосесија, па на своите профили на социјалните мрежи објавија фотки од Анастасија и нејзиниот постар брат Душан.
Анастасија е облечена во слатки роденденски фустанчиња со тул, а Душан носи црн костум, како вистински џентлмен покрај сестра си.
Тие дуваа и свеќичка за роденденот, а на некои од фотките лицето на Анастасија е целото измачкано со шлаг.
Двајцата родители со многу емоции ѝ го честитаа роденденот на својата ќерка.
„Живот татин! Биди ми жива, здрава и секогаш насмеана. За сè останато јас сум тука да бидам покрај тебе додека дишам. Среќен роденден љубов моја“, напиша Борко.
„Среќен роденден моја радост. Моја насмеана принцезо. Мое око магично. Мое небо ѕвездено. Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од убавини. Ти благодарам што си моја, Анастасија“, стои во пораката на Нина, која е модна дизајнерка.
И двајцата родители добија многу честитки од пријателите ѝ следбениците на Инстаграм.
„Двете деца ви се сонца“,
„Прекрасна принцеза“, стои во коментарите.
Освен Анастасија, парот го има и синот Душан, кој во април 2024 ќе полни 6 години.
А. Ј. | Црнобело