Запознајте ги понежните половини на дел од нашите ракометни репрезентативци
- Детали
- среда, 10 јануари 2024
Секогаш ги бодрат од трибините и најгласни се на секоја погрешна судиска одлука, особено кога е против нивиот сопруг. Кои се сопругите на дел македонските ракометни репрезентативци?
Сопругите на спортистите им се најголемата поддршка во кариерата. И кога победуваат и кога губат, понежните половини се тука да ги бодрат и да им дадат сила, љубов и „ветер во грб“.
Македонската репрезентација во ракомет, предводена од селекторот Кире Лазаров, и оваа година ќе настапува на Европското првенство.
Па, покрај Фалангата, која е секогаш таму да ги бодри ракометарите, во публиката ќе бидат и некои од сопругите на ракометарите за да навиваат за нив и да им ја дадат својата безрезервна поддршка.
Кои се сопругите на дел од ракометарите, но и на селекторот на репрезентацијата?
Никола Митревски и Елена
Голманот на репрезентацијата Никола Митревски е во брак со Елена со која има две деца - ќерката Анастасија и синот Антонио.
Филип Талески и Ена
Од 2018-та година Талески е во брак со Ена Секуловска. Тие имаат две ќерки, Софија и Марија.
Филип Кузмановски и Моника
Филип и Моника беа скоро 4 години во врска пред да направат голема свадба на 1 јули 2022-ра.
Никола Маркоски и Андријана
Репрезентативецот Никола Марскоски од 2018-та година е во брак со Андријана, која е поранешна ракометарка. Парот го доби близнаците Матеа и Марко во 2022 година.
Кире Лазаров и Љубица
Селекторот на репрезентацијата и поранешен капитен, Кире Лазаров, ја запознал сопругата Љубица кога имал само 17 години. Парот има две деца, синот Благојче и ќерката Лана.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм