Ракометарот Филип Талески направи роденденска забава за двете ќерки - На едната ѝ прослави 2 месеци однапред
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
Ракометарот Филип Талески и неговата сопруга Ена, направија голема роденденска забава на која одеднаш ги прославија родендените на двете ќерки, Софиа и Марија.
Ракометниот репрезентативец, Филип Талески, кој во моментов игра за „Benfica“ од Лисабон, си дојде во Скопје, па со сопругата Ена, им организираа весела роденденска забава на двете ќерки.
Тие во игротека, со многу дечиња, две торти, балони и Снежана, го прославија првиот роденден на помалата ќерка Марија, која е родена на 29 октомври 2022, а однапред го прославија и 5-тиот роденден на постарата Софиа, која се роди на 10 јануари 2019 година.
„Горда сум на нашите девојчиња. Едната ќерка наполни 1 година, другата ќе полни 5. Благодарам на сите пријатели што дојдоа и ни го направија овој ден посебен“, напишаа ракометарот и неговата сопруга на фотките што ги објавија на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CzV_PpMIVWC/
За првиот роденден, Марија беше облечена во бело фустанче, а Софиа беше дотерана во син фустан како принцеза.
Талески, кој игра за ракометната репрезентација на Македонија, секој јануари е на Европско или Светско првенство, па бидејќи ни во јануари в година најверојатно нема да е дома, со сопругата Ена реши роденденот на Софиа да го прослави однапред.
https://www.instagram.com/p/CzWAElRo_Ff/
А. Ј. | Црнобело