Мартија Станојковиќ зрачи со сексапил во црн костум и градник од тантела (фото)
- Детали
- вторник, 12 декември 2023
Мартија Станојковиќ, која се прослави со шоуто „Пинкови ѕвездички“, сподели неколку сексапилни фотки, а фановите на Инстаграм не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.
Пејачката Мартија Станојковиќ на Инстаграм објави неколку фотографии на кои носи црн костум во комбинација со градник од тантела.
Таа ги воодушеви своите следбеници, кои не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.
Тие велат дека пејачката зрачи со сексапил, но и дека е една од најзгодните на домашната сцена.
„Најубавото девојче во Македонија“, пишува во коментарите.
Мартија често објавува провокативни фотки на својот Инстаграм, но и модните комбинации што ги носи.
Од друга страна, ретко споделува моменти од приватниот живот, па многумина беа изненадени кога неодамна во јавноста го покажа својот дечко.
Прочитајте и Мартија Станојковиќ првпат се појави во јавност со дечкото - заљубена, блеска покрај него на свадба (фото)
А. Ј. | Црнобело