Јелена Спенџарска се расплака во Дубаи, Лила ужива на Бали: Кои познати Македонци избегаа од студот на егзотични дестинации?
- Детали
- вторник, 21 ноември 2023
Пејачот Давид Темелков ужива на Бали, каде што пред неколку дена пристигна и Лила, а Јелена Спенџарска првпат е во Дубаи, па вели: „Конечно сум тука“. Кои познати Македонци го заменија дождливото и студено време во ноември со егзотични дестинации и плажа?
Периодот од крајот на октомври до средината на март за многумина е најубавото време да се посети некоја егзотична дестинација.
И додека кај нас почнува студот, со дождови и магливи утра, на овие дестинации е топло, сончево и совршено време и за прошетка, и за плажа.
Неколку македонски јавни личности побегнаа од студот кај нас и заминаа на егзотични дестинации.
Лила и Биг Мама се на Бали, а таму е и пејачот Давид Темелков. Во Дубаи, пак, овој ноември се забавуваат Јелена Спенџарска и Барбара Ракичевиќ.
„Се расплакав од возбуда“, откри Спенџарска на едно од видеата што ги сподели на Инстаграм Стори.