Антониа Гиговска секси во корсет од тантела, четири месеци по породувањето (фото)
- Детали
- недела, 12 ноември 2023
Антониа Гиговска е секси во бела долна облека од тантела на новите фотки што ги објави на социјалните мрежи.
Пејачката Антониа Гиговска објави фотографии во бел корсет од тантела на својот Инстаграм за да ја најави новата песна. На фотките Антониа е во спална соба и во када, а освен белиот секси корсет, носи впечатлив накит.
„Nek te druga sada gosti, briga me, briga me...“, напиша таа на фотките на Инстаграм.
Фотките се направени на 10 ноември (петок), кога Антониа го снимаше спотот за нејзината најнова песна која ќе ја промовира наскоро.
Таа неколку дена претходно бараше статисти за спотот, момчиња и девојки кои би носеле маски на лицето, па со тоа откри и дел од сценариото за видеото.
Антониа изгледа одлично, и доби комплименти од своите следбеници, особено што се соблече за снимањето на спотот само четири месеци по раѓањето на синот Киан, кој се роди на 14.07.
A. J. | Црнобело