Нина Ристовска ја дотера ќерката во облека што таа ја носела пред 30 години: „Дедо ми ми ја сошил за првиот роденден“
- Детали
- вторник, 24 октомври 2023
„Чувството што мојата ќерка носи моја облека од пред 30 години е преубаво, не поради нешто друго, туку затоа што тоа го создал мојот дедо со своите раце. Тој повеќе не е со нас, но неговата правнука е преслатка облечена така“, вели за CRNOBELO.com, Нина, сопругата на Борко Ристовски.
Нина Ристовска, сопругата на поранешниот голман на „Вардар“ и на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, на Инстаграм објави неколку фотографии на кои ја дотерала нивната 9-месечна ќерка Анастасија во облеката што таа ја носела за својот прв роденден, пред цели 30 години.
Фотографиите на кои Анастасија (која се роди на 31 јануари) е во нејзината облека, ја разнежнија Нина, но и нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Тие не штедеа комплименти за тоа колку е Анастасија слатка, но и колку изгледа прекрасно во роденденската облека од мајка си.
За CRNOBELO.com, Нина вели дека оваа облека не е единствената што нејзината мајка ја сочувала од времето кога таа била бебе. Па, сега со радост чека да ѝ ги облече овие парчиња на ќерка си.
„Комплетчето што го носи Анастасија сум го носела јас на мојот прв роденден.
Стилистот е мајка ми, а дедо ми го сошил.
Ова е убавината на животот.
Чувството што мојата ќерка носи моја облека од пред 30 години е преубаво, не поради нешто друго, туку затоа што тоа го создал мојот дедо со своите раце.
Тој повеќе не е со нас, но неговата правнука е преслатка облечена така.
Инаку, мајка ми по професија е психолог, но таа е и уметник, има чувство за стилизирање и секогаш правела посебни комбинации.
Мајка ми е сликар, и иако има повеќе свои слики на платно кои се прекрасни, таа никогаш не ги продавала, туку ги создавала за нејзина душа.
Токму од неа сум ги наследила љубовта кон уметноста, модата и стилизирањето, па сега и јас создавам модни креации.
И среќна сум што мајка ми има сочувано повеќе фустанчиња од мене и сестра ми, кои едвај чекам да ѝ ги облечам на Анастасија.
Благослов е да се има ќерка, навистина“.
Освен ќерката Анастасија, Нина и Борко го имаат и синот Душан (5).
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело