Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фарбала“

Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја донираше за перики за дечиња болни од рак.

poteg-za-pozdrav-aneta-pavlovska-ja-donira-kosata-za-periki-za-deca-bolni-od-rak-ja-rastev-2-godini-nikogash-ne-sum-ja-farbala-01.jpg

Анета Павловска, македонската тениска судијка која оваа година судеше на Wimbledon и Roland-Garros, направи вистински потег за поздрав - ја потстрижа својата долга коса, со цел од неа да се направи перика за некое наше детенце болно од рак.

Таа во разговор за CRNOBELO.com ни откри дека идејата за да ја донира својата коса ја добила пред околу 2 години.

И иако и претходно се грижела за својата коса, Анета сега тоа го правела со особено внимание, со цел таа да биде здрава и соодветна за од неа да може да се изработи перика.  

poteg-za-pozdrav-aneta-pavlovska-ja-donira-kosata-za-periki-za-deca-bolni-od-rak-ja-rastev-2-godini-nikogash-ne-sum-ja-farbala-09.jpg

„Косата ја растев околу две години, а идејата добив кога на нашите портали прочитав дека Сашка, девојка од Кавадарци, прави перики за деца болни од рак.

Иницијативата ѝ беше за поздрав.

poteg-za-pozdrav-aneta-pavlovska-ja-donira-kosata-za-periki-za-deca-bolni-od-rak-ja-rastev-2-godini-nikogash-ne-sum-ja-farbala-06.jpg

Во изминатиот период неколкупати ја кратев косата со цел да биде здрава. Исто така, никогаш не сум ја фарбала, ниту шатирала.

Инаку, препорачливо е косата да биде долга 40cm, но не смее да биде пократка од 20cm.

poteg-za-pozdrav-aneta-pavlovska-ja-donira-kosata-za-periki-za-deca-bolni-od-rak-ja-rastev-2-godini-nikogash-ne-sum-ja-farbala-08.jpg

Па, така, заедно со мојата пријателка Александра, која исто така ја растеше косата, долго време бевме во постојан контакт со Сашка која ги изработува периките.

Откако се потстрижавме, со Александра косите ги испративме кај неа.

poteg-za-pozdrav-aneta-pavlovska-ja-donira-kosata-za-periki-za-deca-bolni-od-rak-ja-rastev-2-godini-nikogash-ne-sum-ja-farbala-04.jpg

Се надеваме дека ќе изнудиме некоја детска насмевка и ќе внесеме барем малку радост на некое детско лице, но истовремено и дека ќе инспирираме и други луѓе да донираат коса“, ни раскажа Анета.

poteg-za-pozdrav-aneta-pavlovska-ja-donira-kosata-za-periki-za-deca-bolni-od-rak-ja-rastev-2-godini-nikogash-ne-sum-ja-farbala-03.jpg

Прочитајте и Анета Павловска, тениски судија: „Судев на Wimbledon, Новак секогаш нè поздравува, но забранета ни е дружба со тенисерите“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg