Драган Спасов Дац и Александар Митевски со сопругите на викенд во Дојран - слават со специјален повод

Пред 4 години за првпат запеа дуото Дац и Александар Митевски, а сега (септември 2023-та) тие двајца годишнината ја прославија со семеен викенд и покажаа од каде ја црпат енергијата, волјата и инспирацијата за да креираат нова музика.

dragan-spasov-dac-i-aleksandar-mitevski-na-semeen-vikend-vo-dojran-poddrshkata-koja-ja-imame-od-semejstvoto-e-srekja-na-srekjata-01.jpg

Актерот Драган Спасов-Дац и музичарот и текстописец, Александар Митевски годинава слават 4 години од формирањето на нивното дуо „Дац и Александар“, а по тој повод заминаа на семеен викенд во Дојран, од каде споделија убава семејна фотографија.

Драган Спасов Дац со сопругата Весна со ќерката Јана, Александар Митевски со сопругата и ќерките Ања и Мања... Сите заедно се собрани на заедничката фотографија што тие ја објавија на Фејсбук, а во описот на фотографијата напишаа:

„Нѐ прашуваат: ‘Кога се одморате и од каде наоѓате толку енергија, волја, љубов и инспирација? Поддршката која ја имаме од семејството е ‘среќа на среќата’ . Одиме понатаму!“

dragan-spasov-dac-i-aleksandar-mitevski-na-semeen-vikend-vo-dojran-poddrshkata-koja-ja-imame-od-semejstvoto-e-srekja-na-srekjata-02.jpg

Инаку дуото „Дац и Александар“ за првпат запеа на 7-ми септември 2019-та година кога на фестивалот „Охрид Фест“ ја испеаја песната „Цреши охридски“ и го освоија второто место.

dragan-spasov-dac-i-aleksandar-mitevski-na-semeen-vikend-vo-dojran-poddrshkata-koja-ja-imame-od-semejstvoto-e-srekja-na-srekjata-03.jpg

Во јуни годинава тие ја објавија баладата „Срце на робија“, која брзо стана вистински хит, а е инспирирана од вистинска приказна.

dragan-spasov-dac-i-aleksandar-mitevski-na-semeen-vikend-vo-dojran-poddrshkata-koja-ja-imame-od-semejstvoto-e-srekja-na-srekjata-04.jpg

Инаку, Дац и Александар најавија и бесплатен концерт во Скопје, кој ќе се одржи на Зелениот покрив на ГТЦ на 29 септември од 20:30 часот. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg