Љубовната приказна на Драган Спасов Дац и неговата сакана Весна: „Таа е целиот мој живот“
- Детали
- петок, 24 септември 2021
„Знам дека таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè. Љубов, огромна љубов е во прашање, а тоа е единствениот рецепт за среќа и успешен брак...“, вели легендарниот Дац за CRNOBELO.com за својата сакана сопруга.
Драган Спасов Дац е легендарен актер, пејач кој знае со стих да допре до душата на сите и вљубеник во перото кој сее емоции на хартија.
Години наназад негова најголема муза е неговата сакана сопруга Весна.
Тие се доказ дека годините не ѝ можат ништо на љубовта и дека љубовта од која ви се превртува во стомакот е можна во секоја доба од животот.
За нивната љубовна приказна Дац, во свој креативен стил, за CRNOBELO.com вели:
„Не знам точно кога се сретнавме со Весна, дали тогаш кога срамежливо го сокри погледот кога јас не можев да го сокријам мојот, или некогаш многу години пред тоа, навистина не знам.
Знам дека таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè.
Љубов, огромна љубов е во прашање, а тоа е единствениот рецепт за среќа и успешен брак.
А за тоа колку сме заедно, стварно не знам. Убавината не се брои, и впрочем што се годините во споредба со вечноста...“
Повеќе фотки од Дац и Весна:
С. С. | Црнобело