Во „принцеза“ фустан, се фати за микрофонот: Симона Поповска го прослави првиот роденден на помалиот син (фото)
- Детали
- петок, 18 август 2023
Со многу балони и забавна атмосфера, Симона Поповска и сопругот го прославија првиот роденден на помалото синче Стефан. Македонската докторка и пејачка изгледаше елегантно во долгиот син фустан, додека синчињата носеа складни комбинации.
Симона Поповска (31) го прослави првиот роденден на помалиот син Стефан со весела забава со многу музика и балони.
Македонската докторка и пејачка изгледаше како принцеза во долг светлосин фустан. Нејзиниот сакан носеше беж костум, а и синчињата беа дотерани во костуми.
Славеникот Стефан и 2-годишниот Никола носеа складни комбинации од беж панталони, бела кошулка и елек.
Симона сподели фотки и видеа од прославата на Инстаграм Стори.
Тортата на малиот славеник е на три ката и е украсена со облачиња и балони, а слична е темата и на целата декорација.