Сопругот на Антониа Гиговска истетовира отпечаток од стапалото на синот и името Киан, 1 месец по раѓањето на бебето
- Детали
- четврток, 17 август 2023
Сопругот на Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски, објави видео од салон за тетовирање и покажа како тату-артистот зема отпечаток од стапалото на неговиот син, а потоа го тетовира заедно со името на бебето - Киан.
Музичарот Роберт Спасенцовски, во јавноста познат под името Џокер, на својата рака ги истетовира стапалото и името на синот Киан, кој го има од бракот со пејачката Антониа Гиговска.
фото: Инстаграм стори
Тој на Инстаграм објави видео направено во салонот за тетовирање на Горан Мичиќ.
Во видеото се гледа како познатиот тату-артист зема отпечаток од стапалото на бебето, а потоа скицата ја нанесува на надлактицата, заедно со името Киан, и како изгледа тетоважата – виолетово стапало и црни впечатливи букви.
фото: Инстаграм стори
Претходно и Антониа објави стори на Инстаграм дека е во студиото на Мичиќ, каде што одат на тетовирање повеќето македонски јавни личности.
фото: Инстаграм стори
Киан се роди на 14 јули и е прво дете на парот. По раѓањето на бебето Антониа неколкупати објави фотки со него и кажа дека ужива во мајчинството.
Прочитајте и Антониа Гиговска ужива во првите денови со синот Киан: „Колаче мое“
А. Ј. | Црнобело