Антониа Гиговска ужива во првите денови со синот Киан: „Колаче мое“
- Детали
- петок, 21 јули 2023
„Таткото уморен“, вели пејачката Антониа Гиговска, која покажа како ги поминува првите денови со синот и сопругот, откако неодамна стана мајка.
Пејачката Антониа Гиговска, која се породи на 6-ти јули, ужива во првите денови од мајчинството. Откако излезе од болница, таа сподели неколку фотки и видеа со синот Киан на својот Инстаграм профил.
„Колаче мое“, напиша таа на една од објавите.
На друга, пак, го фотографираше својот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски, познат како Џокер, додека спие покрај бебето.
„Таткото уморен“, вели таа.
Дека Антониа се породи, прв објави нејзиниот сопруг, кој не ја криеше радоста. Тој беше и највесел на мекиците, кои ги направи во кафеана, дента кога ги зеде Антониа и бебето од болница.
Антониа се породи во приватна скопска клиника и во првата објава по раѓањето на бебето откри дека со сопругот му го дале името Киан.
„Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 наутро ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш.
Ти си мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам. Ве гушкаме и одиме ние да се гушкаме“, напиша тогаш Антониа на Инстаграм.
Ова е прво дете на парот кој се венча на 30-ти април 2023, а брзо потоа направија и фотосесија преку која го открија полот на бебето и објавија дека ќе добијат син.
Прочитајте и Со ора и мекици во кафеана, сопругот на Антониа Гиговска славеше за раѓањето на синот Киан
А. Ј. | Црнобело