„Ти си благодат“ – Раперот Таско со романтични фотки и објава од плажа со сопругата и 2-месечното синче
- Детали
- среда, 16 август 2023
Раперот Таско ужива во семејниот живот, а неговата емотивна објава по повод годишнината од љубовта со Таша гласи: „За уште една година љубов, која се продлабочи уште повеќе, за семејството кое станува посилно и за жената која е олицетворение на љубов и благодат...“
Христијан Тасковски - Таско на 22.06 го доби синот Лукијан, a сега, речиси два месеци подоцна, раперот со синот и сопругата Таша ужива на море.
Со романтични семејни фотографии Таско ја прослави годишнината од љубовта со Таша.
Тој ѝ посвети емотивна објава на саканата:
„Да наздравам за уште една година љубов, која се продлабочи уште повеќе, за семејството кое станува посилно и за жената која е олицетворение на љубов и благодат.
Како што ја славиме нашата годишнина се потсетуваме на неверојатното патување кое го имавме заедно, од партнери до родители, справувајќи се со животните пресврти рака за рака.
Твојата посветеност како мајка и сопруга е навистина инспиративна и благодарен сум за секој миг, што го споделивме.
За нас, за љубовта која го исполнува нашиот дом и за безбројните авантури кои чекаат на нас“.
Семејната идила на Таско:
;
Прочитајте и Таско и сопругата со трудничка фотосесија пред раѓањето на бебето: „Авантурата почнува наскоро“
С. С. | Црнобело