„Каков дедо, таква внука“ – Александра Шијакоска му приреди изненадување на дедо ѝ за 90-иот роденден (фото)
- Детали
- петок, 11 август 2023
Нашата позната модна инфлуенсерка Александра Шијакоска денес го слави 90-иот роденден на нејзиниот дедо. На Инстаграм стори таа објави повеќе фотографии и видеа со кои покажа како изгледа славеничката атмосфера.
Нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска му приреди вистинско изненадување на нејзиниот дедо, кој денес (11.08) го слави својот 90-ти роденден.
На видеата што таа ги објави на Инстаграм Стори може да се види како нашата инфлуенсерка одлучила да го однесе дедо ѝ од Битола во Свети Наум на ручек, каде уживаат во атмосферата на ресторанот „Острово“.
Персоналот во ресторанот на дедо ѝ му пееше „Happy birthday“ и ја поделија славеничката торта, а забавата потоа продолжила со традиционални македонски песни.
„Каков дедо, таква внука“ - напиша таа на едно од видеата.
Инаку, нашата инфлуенсерка, неодамна стапи во брак со нејзиниот сакан Едмонд, со кого беше во врска 12 години, а пред свадбениот прием откри дека од накит го носеше само златното ланче со буквата „А“ кое откри дека ѝ е многу драг подарок од дедо ѝ.
„Ланчето ми го купи дедо ми пред неколку години. Ми кажа: 'Дедо, не знам дали ќе дочекам твоја свадба, ама сакам да имаш нешто златно од мене.
Тогаш не земаше пензија, па собираше печурки и чај за да ми го купи. Немам ништо златно освен ова ланче кое го носам неколку години и за мене вреди богатство“ - напиша таа.
Б. С. Б. | Црнобело