Кинезот кој среде Пекинг пееше песни од Тоше Проески, конечно е во Крушево - настапи на концерт, го посети неговиот гроб
- Детали
- петок, 11 август 2023
„Wang е дечкото од Кина кој во Пекинг на плоштад ги пее песните од Тоше. Ја сака Македонија, учи македонски и конечно му се оствари желбата да дојде во Крушево. И понатаму сè ви е јасно“ - вели надобриот другар на Тоше кој објави видео на Инстаграм.
Кинезот Wang Xiao Chong, кој често на својот Инстаграм објавува видеа како пее песни од Тоше Проески во Пекинг, конечно е во Македонија.
Тој прво го посети Скопје, каде што даде интервју за една телевизија, а потоа замина и во Крушево.
Во родниот град на македонскиот пејач, Wang го посети гробот на Тоше на Гумење и неговата спомен куќа и се фотографираше пред Македонониумот.
Тој потоа настапи на концерт во Крушево, каде што ја испеа „Чија си“, песната со која Тоше победи на Беовизија во 2003 година, а која му е меѓу омилените.
Видео од настапот на Wang на Инстаграм сподели еден од најдобрите другари на Тоше од детството, Стерули Штерјоски.
„Wang е дечкото од Кина кој во Пекинг на плоштад ги пее песните од Тоше. Ја сака Македонија, учи македонски и конечно му се оствари желбата да дојде во Крушево. И понатаму сè ви е јасно“, пишува Стерули.
Wang го провлече вниманието на балканската јавност откако почна да објавува видеа на кои пее не само песни од Тоше, туку и од неколку познати музичари во регионот – Жељко Јоксимовиќ, Дино Мерлин, Саша Ковачевиќ и други.
Погледнете го видеото од настапот на Wang во Крушево:
Прочитајте и Кинез среде Пекинг ги пее песните од Тоше Проески – горди сме! (видео)
А. Ј. | Црнобело / Фото: Инстаграм стори