Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија
- Детали
- вторник, 25 јули 2023
Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје се закитија со бронзени медали на Интернационалната олимпијада по хемија, што годинава се одржа во Цирих, Швајцарија.
Во Цирих, Швајцарија од 16-ти јули започна 55-тата по ред Интернационална олимпијада по хемија, каде имаше натпреварувачки тимови од целиот свет.
фото: icho2023
Вчера (24.07) се одржа свечената церемонија за затворање на натпреварот, на која тројца ученици од Македонија се закитија со бронзени медали, а една ученичка доби пофалница.
фото: Фејсбук - СОУ „Мирче Ацев“ - Прилеп
Петар Мирчевски од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, освои бронзен медал.
фото: Фејсбук - СОУ „Мирче Ацев“ - Прилеп
Освен Петар, од натпреварувачкиот тим на Република Македонија бронзени медали освоија и Марио Ванчоски од СОУ Гимназија „Славчо Сојменски“ - Штип и Филип Бојаџиевски од СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје.
фото: icho2023
фото: icho2023
Марија Петрова од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ доби пофалница.
Водачи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и проф. д-р Марина Стефова, редовен професор на ПМФ, Скопје.
фото: Фејсбук - СОУ „Мирче Ацев“ - Прилеп
Б. С. Б. | Црнобело