Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти
- Детали
- среда, 26 јули 2023
„Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката, гарнитурата, лежаљката, само оно тататата...“, вели Македонката Теона која во забавно видео покажа како звучи македонскиот јазик кога го зборуваат странци од разни држави.
Теона, Македонка која на Инстаграм е потпишана како The Language Blondiе, со едно од првите видеa објавени на својот профил стана вистински хит.
Оваа девојка на забавен начин покажа како звучи македонскиот јазик со различни акценти – американски, шпански, руски, француски, грчки, италијански, бугарски, турски и српски.
„Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката, гарнитурата, лежаљката, само оно тататата и сам Македонка више човече“, вели таа.
Видеото стана вирално, откако почна да се споделува на Твитер и на Инстаграм, каде што има скоро 5.000 прегледи.
Таа вели дека во видеото импровизирала и со разговорот и со акцентите.
„Не сфатив колку неповрзани работи кажувам, сè додека не почнав да ги ставам графиките на видеото. И не ме убивајте ако не ви се допаѓаат моите акценти, импровизирав на мој начин“, вели девојката.
Погледнете ја објавата на Теона:
А. Ј. | Црнобело