Македонка направи уникатно откривање на полот на бебето со торта со обоена внатрешност (фото+видео)
- Детали
- вторник, 29 август 2023
„Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејствата немавме теоретски шанси за девојче, но ете се случи чудо и желбата ни се исполни“, споделува Никица Ацева Стојанов (26) за CRNOBELO.com.
Инфлуенсерката Никица Ацева Стојанов (26) и нејзиниот сопруг Дамјан Стојанов (26) од Скопје, кои живеат во Германија на уникатен начин го открија полот на бебето.
Парот со чашки отсече делови од бела торта за да види каква е внатрешноста – дали сина или розова и да откријат дали очекуваат син или ќерка.
Откако се покажа розовата внатрешност, Никица и Дамјан дознаа дека очекуваат девојче.
Никица за CRNOBELO.com споделува:
„Откривањето на полот го направивме интимно во нашиот дом, а потоа ја споделивме среќата со најблиските преку камера.
Сѐ уште сме под импресии од преубавата вест. Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејствата немавме теоретски шанси за девојче, но ете се случи чудо и желбата ни се исполни.
Едвај чекаме да ја запознаеме нашата мала принцеза“.
Видео од откривањето на полот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело