Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко на моето дете“
- Детали
- вторник, 21 ноември 2023
„Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се битни. Не си битна ако некој те финансира и не можеш во очите на мажот никогаш да ја добиеш почитта, како жената која самата работи. Кога имаш свои пари, никој не може ништо да ти каже“, рече Кристина Димитри и го навлече гневот на многу жени. Како им возврати на критиките?
Кристина Димитри, пејачка и модел, крена прашина во јавноста со својата изјава во емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков, каде што вели дека мажот не цени жена која не заработува и која ги троши неговите пари.
„Жените не знаат што сакаат во денешно време. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се битни.
Не си битна ако некој те финансира и не можеш во очите на мажот никогаш да ја добиеш почитта како, на пример, жена која самата работи. Кога имаш свои пари, никој не може ништо да ти каже“, рече Кристина.
По ова, Димитри доби бројки критики, пред сè од жени, кои не се сложуваат со нејзиниот став.
Дел од овие пораки се и лични навреди кон Кристина, па таа реши уште еднаш јавно да проговори на темата.
На Инстаграм Стори, Кристина напиша:
„Свесна сум за хејтот кога гласно се кажува тоа што не сакаат да го слушнат.
Но, јас сум научена да бидам искрена, а не да кажувам нешто само за да добијам аплауз.
Не преферирам да сум дел од калапот (сè е супер, сите се сакаме или, пак, не се случуваат лоши работи).
Јас поддржувам домаќинки, тоа сум и јас самата... со плус професија! Секоја мајка треба да е посветена на своето дете, но мислам и дека треба да работи, затоа што никогаш не знаеш што носи денот.
Јас одлучив сама со бебе да се борам низ овој живот поради Х причини. За што треба храброст, а токму таа храброст не ја разбираат тие кои ја немаат и остануваат заробени во токсичен живот.
И секако сега коментираат една мајка (мене), која е и мајка и татко на своето дете. И која поминала пекол.
Ама сега мојот син е насмеан, среќен и тоа бебе од неколку месеци, јас со помош на моите родители и брат ми, го израснавме во дете за пример. Тоа треба да ни е водилка во животот.
П.С. Кога би имале каква било професија, не би имале време за празни муабети на Инстаграм, домаќинки мои верни“.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело