Александра Шијакоска се венча со саканиот по 12 години врска, на денот на неговиот роденден

Александра Шијакоска заблеска во елегантна бела венчаница на венчавката со саканиот Едмонд Весели. Парот се венча денес (19.07) по 12 години врска, и тоа на денот на роденденот на Едмонд.

aleksandra-shijakoska-se-vencha-so-sakaniot-po-12-godini-vrska-na-denot-na-negoviot-rodenden-01.jpg

Младата инфлуенсерка заблеска во елегантна венчаница, а долгата коса ѝ беше собрана во опавче. Едмонд носеше бело сако со бели панталони и маичка.

На прославата доминира белата боја – дури и гостите носат бели комбинации.

aleksandra-shijakoska-se-vencha-so-sakaniot-po-12-godini-vrska-na-denot-na-negoviot-rodenden-02.jpg

Фотки од венчавката сподели инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева, а на една од нив напиша:

„Ја сакам љубовта, а за нивната ептен се радувам, зошто знам колку е искрена и голема“.

aleksandra-shijakoska-se-vencha-so-sakaniot-po-12-godini-vrska-na-denot-na-negoviot-rodenden-04.jpg

Откако го кажаа судбоносното да, парот наздрави со шампањ.

aleksandra-shijakoska-se-vencha-so-sakaniot-po-12-godini-vrska-na-denot-na-negoviot-rodenden-05.jpg

Во деновите пред венчавката, Александра на Инстаграм Стори објавуваше фотки и видеа од подготовките и откри дека денес имаат мала прослава, а свадбата ќе ја прават в година.

„Не правиме свадба, туку мала прослава со пријателите. Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме.

Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите.

Screenshot_2023-07-19_104558_copy.jpg

Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф. 

Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, напиша Александра со многу емоции. 

Таа споделуваше и фотографии од крстерењето со брод по Охридско Езеро, а со една од нив му го честита и роденденот на својот свршеник.

361771296_1380582185840232_279683899231325334_n_copy.jpg

Шијакоска со своите следбеници сподели и моменти од подготовките за венчавката. Па вели:

„Прво другарките, повозбудени се од мене. Невестата последна“.

aleksandra-sijakoska-03_copy.jpg

Претходно, таа ги покажа фустанчињата за нејзините вкуки кои беа мали невестички, бисерите што ги избра за свадбата, бурмите, откри дека фустанот е креација на дизајнерката Моника Коцарева, но и златното синџирче со буквата А, што ѝ е подарок од дедо ѝ.

„Ланчето ми го купи дедо ми пред неколку години. Ми кажа: 'Дедо, не знам дали ќе дочекам твоја свадба, ама сакам да имаш нешто златно од мене.

Тогаш не земаше пензија, па собираше печурки и чај за да ми го купи. Немам ништо златно освен ова ланче кое го носам неколку години и за мене вреди богатство“, напиша таа.

aleksandra-sijakoska-vencavka-08.jpg

Александра и Едмонд се верија на 20 мај во Солун, а Едмонд ја побара за сопруга на зајдисонце во забавен парк, по 12 години врска.

Тогаш на Инстаграм Стори Александра сподели дека претходно била на преглед кај нејзиниот лекар во Солун, по минатогодишната операција од тумор на мозокот, па Едмонд одлучил да ѝ исполни една нејзина долгогодишна желба и да ја однесе во забавен парк.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg