Невестата блеска во бел фустан, гушнати со синот: Фудбалерот Дарко Велковски и Тамара Чуприна објавија фотки од свадбата
- Детали
- петок, 14 јули 2023
„Само среќни моменти пред вас“, „Вечно да сте вака заљубени“, велат пријателите на фудбалерот Дарко Велковски и неговата сакана Тамара Чуприна, откако парот објави официјални фотографии од свадбата.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски, и неговата сопруга, Тамара Чуприна, на Инстаграм објавија неколку официјални фотографии од нивната свадба, што ја направија на 25-ти јуни.
Тие споделија дел од бајковитата атмосфера на свадбата, која се одржа во познат скопски ресторан.
Но открија и како се подготвувале дома, додека се забавуваат со трубачи, објавија неколку фотографии со синот и од венчавката во црква.
„Свадба е...“, напиша фудбалерот на Инстаграм.
Пријателите, но и оние што ги следат на Инстаграм, им посакаа да бидат среќни како на денот на венчавката, но и не штедеа на комплименти за прекрасниот пар и нивниот син.
„Само среќни моменти пред вас“, „Вечно да сте вака заљубени“, им напишаа во коментарите.
Младенците привлекоа внимание и со стајлингот. Тамара беше облечена во бел фустан, напред краток, а со опашка одзади, додека Дарко носеше црн костум со бела кошула.
Дарко и Тамара сега направија црковна венчавка и весела свадба со многу гости.
Тие претходно се венчаа во јануари 2022 година, а брзо по венчавката се роди нивниот син.
По свадбата, Дарко и Тамара заминаа на летување во Грција, од каде што споделија неколку фотографии и видеа.