Лежалка со кафе 130 денари, хамбургер од 160 денари нагоре: Како се движат цените во Дојран оваа сезона?
- Детали
- вторник, 11 јули 2023
Од 50 денари за турско кафе до 150 денари за палачинки... Какви се цените на храната и пијалаците ова лето во Дојран - едно од трите најголеми летувалишта во земјава?
Летната сезона е во полн ек, а Дојран и оваа 2023 година е меѓу омилените места на туристите од земјата. Едни одат таму на летување, други на викенд, а има и гости од странство кои само преспиваат во градот, додека патуваат кон својата финална дестинација.
Градот, кој дури и кога е полн со туристи е тивок, е вистинска оаза и супер дестинација каде што може да избегате од вообичаената градска врева.
Освен што може да поминете голем дел од денот на плажа и да се мачкате со лековитата кал од езерото, градот нуди можност за долги прошетки по пристаништето и забава со жива музика во некои од рестораните и кафулињата, но и забавни паркови за децата.
Цените во Дојран и оваа сезона се прифатливи, но варираат од еден до друг локал, па и на плажа.
Висината на цената на пијалаците и храната зависи од тоа дали е локалот покрај езеро или во градот, но и дали е во Стар или Нов Дојран.
А како се движат просечните цени во летната сезона 2023?
Лежалки на плажа - од бесплатни ако порачате пијалак до лежалки со фиксна цена од 130 денари за лежалка, но со која во комбинација добивате пиво или кафе и вода во шише.
Кафе:
Турско кафе – од 50 до 70 денари.
Еспресо – од 50 до 60 денари.
Нескафе – од 70 до 100 денари.
Макијато – од 60 до 80 денари.
Пиво - од 90 до 200 денари.
Хамбургер - од 160 до 200 денари.
Чизбургер - од 170 до 220 денари.
Пилешки прсти - од 200 до 250 денари.
Палачинки - од 80 до 150 денари.
Сокови:
Газирани и негазирани - од 60 до 80 денари.
Свежо цедени - од 100 денари нагоре.
А. Ј. | Црнобело