Миа Костова му организираше тематска забава за 11-иот роденден на синот со црни балони и црна торта (фото)
- Детали
- понеделник, 03 јули 2023
„Денес се молиме на сите богови да не ни се спои небо и земја, дечкото слави роденден“, напиша на Инстаграм Миа Костова, која на 02.07 направи забава покрај базен за роденденот на синот.
Поранешната водителка и инфлуенсерка, Миа Костова, му направи тематска забава на базен на синот Андрија за 11-от роденден.
Тој имаше црна торта со златни детали, црно-златно колачиња и многу црни балони, поставени во делот за фотографирање.
На журката обоена во црно и златно, му дојдоа многу другарчиња, кои уживаа во декорациите, но сепак на децата им беше најзабавно на базенот, па Миа на Инстаграм Стори објави неколку видеа од нивните водени лудории.
Пред журката, Миа објави и фотка од облаците над Скопје, па се пошегува:
„Денес се молиме на сите богови да не ни се спои небо и земја, дечкото слави роденден“.
За роденденската забава на синот, инфлуенсерката беше облечена во црно, според темата на забавата.
По роденденот на Андрија, тие заминаа на патување низ Европа, а Миа откри дека ќе се вратат во Македонија по еден месец.
Повеќе фотографии од забавата:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм