Пар направи забава за откривање на полот на детето во паркче во Тафталиџе, со балони и нивното куче Луна (видео)
- Детали
- вторник, 27 јуни 2023
„Времето беше против розовите балони и како да знаеше ветерот ги дуваше баш нив и самата трева ги пукаше. Некако и тоа ни посочуваше дека чекаме син. Но, јаготка на шлагот беше нашето куче Луна кога истрча со син срце балон на вратот“, раскажува Деспина Кузманова од Скопје за CRNOBELO.com.
Деспина Кузманова од Скопје, сопственичка на салон за убавина, во април 2022 беше запросена од страна на својот партнер Дени Гоцев на настанот Куп во боди-билдинг, каде тој се натпреваруваше и освои сребрен медал.
Неодамна парот направи свадба, а сега ги израдуваа блиските, откако објавија дека очекуваат дете.
Парот во парк во скопската населба Тафталиџе си направи мини забава за откривање на полот.
Деспина за CRNOBELO.com открива:
„Одлучивме да направиме „мало“ изненадување само за најблиски, без пријатели, но покрај моите купени балончиња, четири на број, мојата другарка Мартина ме изненади и ми донесе уште 30 балони и решивме да ги викнеме сите најблиски и со нив да споделиме.
Времето беше против розовите балони и како да знаеше ветерот ги дуваше баш нив и самата трева ги пукаше.
Среќа, имавме време барем да направиме неколку фотографии.
Пресреќни сме – дознавме дека ќе имаме син.
Во врска сме речиси 8 години, а пред неколку месеци направивме свадба и ова мало изненадување, приновата, дојде како јаготка на шлагот од тортата.
Мини забавата за откривање на полот ја направивме во паркче во Тафталиџе.
Интересно беше и што на нашето куче Луна имаше врзано син балон во форма на срце, па потоа и таа истрча за да ни го потврди полот на детето“.
Прочитајте и Деспина од Скопје чува зајче: „Пинки обожава банани, а им ги грицка и чантите на моите другарки“
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело