Елена Ристеска ѝ го честиташе роденденот на сестра си: „Кога би се родила повторно, пак би те одбрала за сестра“
- Детали
- четврток, 22 јуни 2023
„Сестра ми е махер да ме фати на слика неспремна. Ама на овој ден, 22-ри јуни, не сум битна јас, битна е таа. Денес ѝ е на мојата сестра роденден. Си ја сакам до бесконечноста. Кога би се родила повторно, пак ќе одберев да си ми сестра баш ти“, напиша Елена Ристеска.
Поп пејачката Елена Ристеска со колаж фотографии го одбележа роденденот на нејзината сестра Драгица.
Во роденденската порака што ѝ ја испрати преку Инстаграм, Елена на Драгица ѝ кажа дека ја сака до бесконечноста.
„Сестра ми е махер да ме фати на слика неспремна, погледнете ги последните неколку фотки. Ама на овој ден, 22-ри јуни, не сум битна јас, битна е таа.
Денес (22.06) ѝ е на мојата сестра роденден. Една е сестра. Затоа си ја сакам до бесконечноста.
Кога би се родила повторно, пак ќе одберев да си ми сестра баш ти. Најсреќен роденден“, напиша Елена.
Сестрите се многу блиски и не кријат колку се сакаат. Тоа го покажуваат и јавно, но и преку објавите на социјалните мрежи.
Елена ја поддржува Драгица на сите нејзини изложби, а Драгица е во публика на повеќето концерти на Елена.
Драгица во јавноста е позната и како уметница и таа досега имала свои самостојни изложби, а со нејзините дела учествувала и на групни изложби и во Македонија и надвор од земјава.
Елена, пак, откако се посвети на бизнисот со парфеми и козметика, кратко се повлече од музиката, но во последниов период е повторно активна и често има настапи со својот бенд низ Македонија.
Роденденската објава на Елена:
А. Ј. | Црнобело