Сузана Турунџиева, гушната со ќерките, внучето и мајка ѝ, испрати моќна порака до сите родители
- Детали
- вторник, 20 јуни 2023
„Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те научи да се носиш со сите потешкотии и да се бориш секојдневно, за да бидеш подобар, поуспешен и помудар од вчера. Твоето дете не е виновно за лошиот ден кој си го имал(а)“, вели во својата моќна порака Сузана Турунџиева.
Водителката, пејачка и писателка, Сузана Турунџиева, преку Инстаграм испрати моќна порака до сите жени и мажи кои се родители. Таа сподели фотографија на која е со своите деца, внучето и со мајка си.
Па, вели, децата треба секојдневно да го чувствуваат вашето присуство и да знаат дека сте дел од нивниот живот.
Прочитајте ја пораката од Сузана:
Ако Бог те благословил да станеш родител, секогаш имај на ум дека:
Твоето дете не е виновно за лошиот ден кој си го имал(а).
Твоето дете не е виновно за твоите фрустрации или трауми од детство.
Твоето дете не е виновно затоа што ти не си ги реализирал(а) соништата од детството.
Твоето дете не е виновно за проблемите и несогласувањата со твојот партнер.
Твоето дете не е виновно за твоите стравови, стресови и љубовни разочарувања.
Твоето дете не е виновно затоа што дошло на овој свет по твоја одлука и избор, кој ти и само ти го имаш направено.
Твоето дете дошло на овој свет за да те излечи и научи да сакаш на начин на кој не си ни замислил(а) дека можеш да сакаш.
Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те научи да се носиш со сите потешкотии и да се бориш секојдневно, за да бидеш подобар, поуспешен и помудар од вчера.
Твоја должност и обврска е да му ја пружиш максимално твојата љубов, грижа, време и внимание, особено да ја активираш твојата присутност во секој ден од неговиот живот!
За потсетување, пејачката има две ќерки, Лора и Матеа, а ќерката Лора е мајка на малиот Јаков.
А. J. | Црнобело