Миро Кацаров ја запроси саканата на романтична вечера со виолини во Рим - открива детали за CRNOBELО
- Детали
- сабота, 17 јуни 2023
„Ивана не знаеше за запросувањето, а се случи на еден од најмодерните и најголеми плоштади во светот, Пантеон. Бевме на вечера во ресторан, кога дојде нашиот познат виолинист Виктор Ангелов, и почна да ни ја свири Sarà Perché ti Amo. Тогаш ја запросив“, открива за CRNOBELO.com водителот Миро Кацаров.
Познатиот водител Мирослав Кацаров во вечниот град Рим ја побара за сопруга својата девојка Ивана.
Тој ја запроси додека беа на романтична вечера во ресторан на плоштадот Пантеон, а нашиот познат виолинист Виктор Ангелов им ја свиреше песната Sarà Perché ti Amo.
Кога Миро ја побара Ивана за сопруга, сите во ресторанот почнаа да снимаат и да им аплаудираат.
За CRNOBELO.com, Миро раскажа за романтичното запросување, па вели, го избрал Рим за еден од најважните моменти во нивните животи бидејќи тој е вечен град, исто како што е вечна и нивната љубов.
„Вечна љубов, вечен град, затоа го избрав Рим.
Со Ивана се запознавме случајно, преку заеднички пријател на Инстаграм и љубовта ни кликна на прва.
Таа не знаеше за запросувањето, кое се случи на еден од најмодерните и најголеми плоштади во светот, Пантеон.
Бевме на вечера во ресторан, кога дојде нашиот познат виолинист Виктор Ангелов, и почна да ни ја свири песната Sarà Perché ti Amo. Тогаш ја запросив.
Во Рим остануваме до вторник (20 јуни). Спремаме и свадба, која ќе биде на 17 септември и цела естрада ќе биде таму“, ни раскажа водителот.
Миро и Ивана, која е одбројкарка од Тетово, не кријат колку се заљубени.
Водителот, кој изминатите години не сакаше да зборува јавно за своите девојки, последниве месеци често објавува фотки со Ивана на Инстаграм и споделува дел од својата приватност со следбениците.