Тијана Дапчевиќ горда на синот единец: „Отиде детето да слави полуматура“
- Детали
- вторник, 13 јуни 2023
„Отиде детето на полуматура. Среќно сине, те сакаат мама и тато“, напиша Тијана Дапчевиќ на Инстаграм и објави неколку фотографии со синот Вук кој заврши осмо одделение.
Пејачката Тијана Дапчевиќ се пофали дека нејзиниот син Вук е полуматурант. Гордата мајка објави неколку фотки на Инстаграм од моментот кога заедно со сопругот Милан го испратиле Вук на прославата во Белград.
„Отиде детето на полуматура. Среќно сине, те сакаат мама и тато“, напиша таа на Инстаграм.
За полуматурата Вук избра црн костум со бела маичка со апликација и бели патики.
„Им даде домашна задача на другите како треба да се облече дете од 15 години“, стои во коментарите.
Тијана доби многу честитки за полуматурата на синот. Пријателите на пејачката и нејзините следбеници на Инстаграм му посакаа среќа, а не пропуштија ни да искоментираат дека Вук е вистинска копија на Тијана.
Вук е единственото дете на пејачката и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Милан Дапчевиќ.
Прочитајте и Тијана Дапчевиќ: „Долго не успевав да затруднам по природен пат и кога се случи - го добив Вук, кој ми вреди за 10 деца“
А. Ј. | Црнобело