Татјана Стојановска објави фотографии од свадбата - блеска на првиот танц покрај саканиот Михаил
- Детали
- вторник, 13 јуни 2023
Се држат за раце, позираат пред пијано, фотографија од првиот свадбен танц... Презентерката Татјана Стојановска ги објави првите фотографии од свадбата со саканиот Михаил Китановски.
Десет години откако ја запроси, Татјана Стојановска во саботата (10.06) му кажа „да“ на свршеникот Михаил Китановски.
Татјана на свадбата беше нашминкана од вештите раце на Дадар, а на себе носеше елегантна венчаница и венче.
Свадбата се одржа во хотел во Скопје, а убавата презентерка на својот Инстаграм профил ги објави првите фотографии од свадбената фотосесија.
„Нашата свадба“ – напиша презентерката во описот до фотографиите.
Инаку, Татјана и Михаил повеќе од една деценија беа во врска и живееја заедно, а убавата презентерка зад себе има еден брак со пејачот Благоја Грујоски.
Погледнете ги фотографиите што таа ги објави на Инстаграм:
Б. С. Б. | Црнобело