Првата жена пилот во Wizz Air од Македонија: „За првпат во мојата 10-годишна кариера моите родители ми беа патници“

„За првпат во мојата 10-годишна кариера како пилот, моите родители беа мои патници на летот од Рим до Скопје. Момент на кој се гордееме сите. Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви“ – напиша првата жена пилот во Wizz Air од Македонија, Ива Матиќ.

prvata-zhena-pilot-od-makedonija-objavi-emotivna-fotografija-za-prvpat-moite-roditeli-bea-patnici-vo-avionot-so-koj-upravuvav-01_copy.jpg

Првата жена пилот во Wizz Air од Македонија, Ива Матиќ, на Инстаграм сподели заедничка фотографија со нејзините родители и откри дека во нејзината кариера како комерцијален пилот ова било првпат нејзините родители да бидат патници во авионот со којшто управува.

„Вчера, за првпат во мојата 10-годишна кариера како пилот, моите родители беа мои патници на летот од Рим до Скопје. Момент на кој се гордееме сите. Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви“ – напиша таа.

prvata-zhena-pilot-od-makedonija-objavi-emotivna-fotografija-za-prvpat-moite-roditeli-bea-patnici-vo-avionot-so-koj-upravuvav-03.jpg

Ива Матиќ (34) е првата жена воен пилот во Македонија. Таа магистрирала електротехника, по што била вработена како капитен во Армијата на Република Македонија, каде управувала со воен хеликоптер Ми – 17.

prvata-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-za-prvpat-vo-mojata-10-godishna-kariera-moite-roditeli-mi-bea-patnici-02.jpg

Ива сега е и првата жена пилот во Wizz Air Македонија, каде работи како копилот.

prvata-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-za-prvpat-vo-mojata-10-godishna-kariera-moite-roditeli-mi-bea-patnici-03.jpg

Инаку, претходно Ива откри дека инспирацијата за да работи во авијација ја добила уште кога била многу мала кога татко ѝ ја однел на аеромитинг во Стенковец, а денес како комерцијален пилот, постојано лета низ држави во Европа.

Прочитајте и Ива Матиќ, прва жена пилот во Wizz Air од Македонија: „Одговорноста е иста – без разлика дали има двајца или двесте патници“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ива Матиќ – жена пилот што ги “прелета” родовите стереотипи Времето во кое живееме е време на меѓучовечки односи, конекции и токму тука е со...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Ноне си ја исполни желбата да плива со желки: „Една беше, ама пак се важи“ „Да направам апдејт на мојата листа со желби: Денес пливав со желка! Добро, беше...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg