Давид (33), кој Скопје го замени со Раштак, го прослави роденденот со домашни пити и производи од своите кози

„Времето беше лигаво, а патот до мојата ‘игротека’ каллив и отежнат, но беше убаво... Кој кршеше јајца за со ракијата, кој вртеше ќебапи и колбаси за со пиво, па и скромна дегустација на млади сирења од млекото на моите кози - крем сирење со боров сируп, младо сирење со пелте од дуњи“, сподели Давид Неделковски од Скопје за својот уникатен 33-ти роденден.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-01.jpg

Давид Неделковски од Скопје го замени животот во Скопје со живот во селото Раштак.

Тој се пресели таму за да чува кози со своето семејство.

Постојано го проширува својот бизнис, а сега го прослави и својот 33-ти роденден во рурален дух во природа со производи од млекото на своите кози.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-02.jpg

Неговата објава на Инстаграм гласи:

„Kонечно се собрав после 3 дена иако не престанувам да си го премотувам филмот цело време, а немам славено роденден од средно.

Времето беше лигаво, а патот до мојата игротека каллив и отежнат, но кога веќе стигнавме и се закотвивме прерасна во вистинска пиратска тврдина.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-07.jpg

Во китење на трпезата учествуваа сите по малку, кој кршеше јајца за со ракијата, кој вртеше ќебапи и колбаси за со пиво...

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-03.jpg

По некоја чашка и доживеав инспирација, па си поигравме и со скромна дегустација на млади сирења со што ги домаѓепсав другарите и другарките - крем сирење со боров сируп, младо сирење со пелте од дуњи и млада Калеш Мара со мед и кршен бибер.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-06.jpg

И тоа не е сè, на голема радост имав чест и привилегија трпезата да ја красат и питите на Спасија во кои уживаат лондончани, подготвени од дома, а на лице место загреани и изуживани.

Ептен рокерски, на роденден со тепсии и мнооогу вкусно.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-04.jpg

Сè беше во граница на цивилизирано однесување, главниот тест беше да ја симнеме храната по калта надолу, па кој тортата, кој питите и лебот и најважно звучникот од кој ечеше советска музика зашто изгледавме на партизани и во овој случај никој не падна, сите преживеавме.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-05.jpg

Бидејќи заборавив да си замислам желба дури дував свеќи, си замислив на крај со едно прекрасно вино.

david-33-koj-skopje-go-zameni-so-rashtak-go-proslavi-rodendenot-so-domashni-piti-i-proizvodi-od-svoite-kozi-08.jpg

Ви благодарам на сите за честитките, искрените желби и добрината која ми ја испративте. Да сте живи и здрави“.

Прочитајте и Давид (30) од Скопје се пресели да чува кози на село: „Козите се мелем за душа, а цел ми е Раштак да го направам светски славно“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg