Направи сам: Креативна Македонка од старите фармерки си направи нов кул модел (видео)

Кога има креативност и желба за експериментирање, тогаш од старите фармерки можете да си направи нов модел, со кој нема да можете да минете незабележано. Чекор по чекор видео упатство од креативната Магдалена (20) од Тетово, која споделува детали за CRNOBELO.com...

napravi-sam-kreativna-makedonka-od-starite-farmerki-si-napravi-nov-kul-model-video-01.jpg

Магдалена е креативна Македонка која на својот Инстаграм профил сподели „направи сам“ проект каде од старите фармерки си направи нов, кул модел.

Таа прво ги исече, па ги бојадиса со спреј, им стави безопасни и ги спои отсечените делови. Новиот модел изгледа навистина уникатно и со овие фармерки нема да минете незабележано.

Не можевме, а да не ја исконтактираме и да ја прашаме од каде оваа креативност. Дознавме дека Магдалена Јовановска е 20-годишна девојка од Тетово, која има завршено средно уметничко училиште за дизајн на ентериер.

Магдалена за CRNOBELO.com открива во која насока ѝ се движи животот сега и како се инспирира на тема мода:

„Одлучив моето школување да го продолжам надвор од Македонија. Се решив баш за Милано бидејќи тоа е градот на дизајнот и на модата.

Моментално студирам во ИЕД Милано како дизајнер на ентериер.

Оваа година имав можност да сум дел од Milano Design Week со мое самостојно дело. Креативноста отсекогаш ми била јака страна која ме исполнува , без разлика дали се работи за парче мебел или пак за мојот аутфит.

Во Милано, кој важи за еден од центрите на модата, секојдневно гледам различни типови на луѓе, на улици, во локали, во метро или пак на изложби и настани и секој е уникатен. Јас велам не е до брендот што го носиме, туку е до стилот што го имаме.

napravi-sam-kreativna-makedonka-od-starite-farmerki-si-napravi-nov-kul-model-video-1.jpg

Тука секој носи тоа што го прави среќен и како се чувствува убаво. Сите имаат некое уникатно парче на нив и никој нема никакви предрасуди за истото.

Така јас се решив од стари фармерки да направам уникатно парче по кое сите ќе се свртат. Уште од малечка мојата мајка велеше Магдалена ти само сакаш да „скаструеш” нешто.

Отсекогаш сакав од ништо да направам нешто.

napravi-sam-kreativna-makedonka-od-starite-farmerki-si-napravi-nov-kul-model-video-3.jpg

Една вечер спонтано се случи јас од моите стари фармерки да направам ново уникатно парче. Кај мене секогаш големите идеи се јавуваат во доцните часови.

Сè што ми беше потребно: сребрен спреј, креп трака за декоративни линии, безопасни и љубов, секако. Кога работиме со љубов и најтешкото нешто нема да ни претставува проблем да го совладаме.

napravi-sam-kreativna-makedonka-od-starite-farmerki-si-napravi-nov-kul-model-video-4.jpg

Секогаш обожавам да го документирам процесот без разлика за што се работи и потоа споделувам на Инстаграм“.

napravi-sam-kreativna-makedonka-od-starite-farmerki-si-napravi-nov-kul-model-video-2_copy.jpg

Погледнете како изгледаше целиот процес:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg