Сара Мејс во најпровокативниот стајлинг досега, пред настап со харфа
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
Со фустан со длабоко деколте и отсечоци, кој го открива и долниот дел од градите, Сара Мејс позираше во провокативно издание, пред да се појави на настан во син комбинезон.
Сара Мејс на 29.07.2022 го роди своето второ дете - со сопругот Димитар Атанасовски го добија синот Кирил, а нивната ќерка Илина доби братче.
Сега, Сара во долг син фустан со отсечоци покажа дека е вратена во форма, по породувањето.
Таа сподели фотографии од стајлингот на нејзиниот Инстаграм профил, но откри дека тоа бил нејзиниот неофицијален аутфит, додека за официјалниот каде настапи со харфа на настан, таа повторно носеше сино, но комбинезон кој откриваше многу помалку.
Од аутфитот на Сара, фотки објави и нејзината пријателка и шминкерка Фрози Фран.
Сара се пошегува „Што ви се допаѓа повеќе официјалните или неофицијалните фотографии?“
Сара во провокативно издание:
С. С. | Црнобело