„Ради тебе више 5 години не пијам“: Слаткар ја испеа најубавата песна за синот Моша и објави емотивни семејни видеа
- Детали
- четврток, 20 април 2023
„Уште прв ден одма штом те видов јас се заљубив, беше црвен, ко за нешто да си ми се наљутил“ - пее Слаткар во песната „Насмевка“ која ја напиша за синот Моша. Видеото е направено од семејни снимки и ги покажува сите емоции на Слаткар - од Сања која е бремена, преку моментот кога првпат го зел во раце синот, па до денес.
Марко Маринковиќ - Слаткар ја промовираше песната „Насмевка“ која самиот ја напиша за синот Моша.
Песната ја објави неколку дена по неговиот трет роденден, со порака дека за Моша го спремил најубавиот подарок.
Песната, која за неколку часа има скоро 17.000 прегледи, е полна со емоции, кои популарниот музичар ги доживеал од моментот кога се родил Моша, па до денес.
„Уште прв ден одма штом те видов јас се заљубив, беше црвен, ко за нешто да си ми се наљутил. А јас здрвен, добро е што не сум бекрија, ради тебе више 5 години јас не пијам“, пее Слаткар во песната.
Видеото, пак, е компилација од домашни снимки кои го правеле Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ, од моментот кога таа останала бремена, преку првиот миг кога Слаткар го зел синот во раце, па сè до неговиот трет роденден, кога ја дува роденденската свеќичка.
Песната има многу позитивни коментари од фановите на Слаткар, кои велат дека ова е најубавото нешто што го испеал досега.
Слушнете ја песната:
A. J. | Црнобело