Верувања поврзани за „Благовец“ - Црковен празник за мајката, ден кога на децата им се ставаат обетки

Според црковните објаснувања, Благовештение е почеток на сите Господови празници и означува „добра вест“ или „блага вест“. Кои верувања и традиции се поврзани со овој христијански празник?

crkoven-praznik-na-majkata-i-den-koga-ranite-na-ushite-ne-bolat-veruvanja-povrzani-za-praznikot-blagovec-01.jpg

Благовештение, или кај народот познат како „Благовец“, е христијански празник од пролетниот циклус што секогаш се слави на 7-ми април.

Денес именден слават оние што го носат името Благоја, Блаже, Благица...

Според црковните објаснувања, Благовештение е почеток на сите Господови празници и означува „добра вест“, „блага вест“, известување за најголемата и најрадосната вест во историјата на човештвото за спасението на човечкиот род, коешто се изврши преку Восплотувањето на Синот Божји во утробата на Дева Марија.

„Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“ – пишува на веб-сајтот на Бигорски манастир, во појаснувањето за празникот.

crkoven-praznik-na-majkata-i-den-koga-ranite-na-ushite-ne-bolat-veruvanja-povrzani-za-praznikot-blagovec-02.jpg

Оттука, сосема е јасно зошто Благовештение, односно Благовец, кај народот се слави и како ден на мајката, кога треба да ѝ се искаже почит и љубов на жената што ни подарила живот, а за неговата „блажина“ се врзуваат голем број верувања.

Се смета дека на овој ден се враќаат сите птици преселници, па дури и кога времето не е убаво, надвор ќе видите ластовичка, штрк или славеј.

crkoven-praznik-na-majkata-i-den-koga-ranite-na-ushite-ne-bolat-veruvanja-povrzani-za-praznikot-blagovec-03.jpg

Старите веруваат дека на овој ден, ако наутро ве разбуди звукот од некоја од птиците преселници, ќе имате голем напредок во годината.

Истовремено, се верува дека тиквите и зеленчукот што ќе бидат засадени на денешен ден ќе бидат многу благи.

За Благовец се врзува уште една традиција што е многу популарна во голем број македонски градови - на овој празник, на малите девојчиња најчесто им се дупнуваат ушињата и им се ставаат обетки.

Се верува дека денот е благ, па затоа ниту раната од дупнувањето нема да боли, а ушињата ќе заздрават брзо и без проблеми.

crkoven-praznik-na-majkata-i-den-koga-ranite-na-ushite-ne-bolat-veruvanja-povrzani-za-praznikot-blagovec-04.jpg

На овој ден, според верувањата, треба да се помолат и мајките што посакуваат да имаат деца и Господ ќе им ја исполни желбата.

Ова е ден кога именден слават луѓето што ги носат имињата: Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се слави празникот Вознесение Христово – Спасовден: Што не треба да се прави денес? 40 дена по Велигден и 10 дена пред Духовден се слави празникот Вознесение Христо...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...
Се слави Покров на Пресвета Богородица – Празник на жените и на оние што се молат за потомство Денешниот ден се нарекува и Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слав...
Се слави свети Ѓорѓи – Се јавува како витез за да им помогне на оние што го слават Во ноември и декември има две куќни слави посветени на великомаченикот Георгиј. ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg