„Со Хана поминавме неколку ноќи во болница, имаше мала интервенција“: Тамара Тодевска со емотивна порака по премиерата на „Нијагара“
- Детали
- петок, 24 март 2023
„Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за ‘Нијагара’. Се радувам, но со мала задршка, зашто со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала рутинска интервенција“, напиша поп-пејачката Тамара Тодевска и објави фотка од болница со својата ќерка.
Поп-пејачката Тамара Тодевска откри дека неколку дена била во болница, бидејќи нејзината ќерка Хана имала мала рутинска интервенција. Таа ова го откри еден ден откако ја промовираше својата нова песна „Нијагара“.
Тамара на Инстаграм објави слика со Хана, направена по интервенцијата, па се заблагодари на сите за поддршката и убавите коментари што ги добила за песната.
„Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за ‘Нијагара’. На секој еден премногу се радувам, но со мала задршка, затоа што со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала и рутинска интервенција.
Сега е добра, а јас пресреќна за енергијата која ми ја праќате.
Таа е пораката и на ‘Нијагара’. Борбата е различна и секојдневна, но љубовта е една и безусловна.
Фала Ви од срце“, напиша Тамара.
https://www.instagram.com/p/CqI44t9IlSR/?utm_source=ig_web_copy_link
За потсетување, Тамара ја промовираше „Нијагара“ пред два дена, и песната до сега има 38.000 прегледи.
Песната е на српски, а Тамара првпат се јавува како ко-автор на музиката и текстот, заедно со композиторот Лазар Цветковски.
А. Ј. | Црнобело