Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тамара Тодевска ја објави новата песна „Нијагара“ со моќен спот – пее на српски, сама го напишала текстот (видео)

„Нијагара е за сите кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение. А, тоа е да продолжиме со борбата“, вели Тамара за нејзината нова песна што ја промовира денес, а за која сама го напиша текстот на српски јазик во соработка со Лазар. 

tamara-todevska-ja-objavi-novata-pesna-nijagara-so-mokjen-spot-pee-na-srpski-sama-go-napishala-tekstot-video-01.jpg

Поп-пејачката Тамара Тодевска денеска на пладне ја промовира својата најнова песна „Нијагара“, која ја испеа на српски.

Музиката и текстот се во соработка помеѓу Лазар Цветковски и Тамара, која првпат се јавува како текстописец.

Песната е во модерен ритам и има моќен видео спот, во режија на Огнен Шапковски.

„Нијагара“ е за сите луѓе кои во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано. „Нијагара“ е за сите кои се направедно етикетирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата. Честопати духовно сме заробени, затворени во тој „кафез“, заробени во нашите мисли и сопствени стравови. Таа состојба предизвикува да бидеме деструктивни, гневни, но секогаш можеме да излеземе од тој „лавиринт“. Само треба да одлучиме, силно да сакаме и да направиме чекор напред“, вели Тамара.

tamara-todevska-ja-objavi-novata-pesna-nijagara-so-mokjen-spot-pee-na-srpski-sama-go-napishala-tekstot-video-02.jpg

Видеото се снимаше неколку денови, во Скопје, а во главната улога е Тамара, во различни изданија кои претставуваат рефлексија на нашата емотивна состојба во различен момент од животот.

„На песната и на спотот работевме подолго време. Не ги форсиравме затоа што сакавме да направиме целосен продукт, како од музички, така и од продукциски аспект. Станува збор за брза, динамична песна, која верувам ќе ѝ се допадне на публиката“, додава Тамара.

Би можело да ве интересира:

Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Тамара Тодевска има нов хит: „Песната ме потсетува на времето кога нашата поп-музика беше на завидно... „Морам да бидам искрена и да кажам дека „Никој како ти“ ми има и ретро момент и ...
Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg