Македонски познати парови кои денес слават Младенци (фото)
- Детали
- среда, 22 март 2023
„Денес е Младенци! Господ нека нѐ дарува сите со долг, успешен и среќен брак и многу дечиња“ – напиша Елена Најдоски на фотка од свадбените свеќи кои денес догоруваат во црква. Кои други македонски познати парови денес (22.03.2023) го слават денот на младите?
Денес (22 март) е Младенци, празникот на младоста и љубовта, кој го слават паровите кои се венчале во периодот од претходниот до овој 22 март.
За празникот, кој според православната црква се празнува за споменот на четириесетте војници од Севастија кои загинале за Христовата вера, се врзуваат многу обичаи, меѓу кои догорување на свадбените свеќи во црква и пречекување гости со посно благо.
Денешниот ден е празник и за многу славни парови кои направија свадба во изминатиот период, а Елена Најдоски објави честитка до сите кои го одбележуваат денот.
„Денес е Младенци! За љубов, среќа и сладок живот! Честито слава на сите што слават, честито име на сите што го носат и честито на младите брачни двојки, Господ нека нѐ дарува сите со долг, успешен и среќен брак и многу дечиња“ – напиша Елена Најдоски на Инстаграм на фотка од свадбените свеќи кои догоруваат на денешен ден во Соборниот храм во Скопје.