Драган Спасов Дац и неговата сакана Весна се венчаа – таа тајно ја организирала венчавката како изненадување за роденден (фото+видео)
- Детали
- среда, 20 април 2022
„Ова може само оваа до мене лудача да ми го направи, браво, сега стварно се потресов!“ - вели актерот. Со тајна организација, заедно со најблискиот круг на семејството и пријателите, партнерката на Дац купила бурми и викнала матичар на неговата роденденска забава, каде ја крунисаа љубовта - ексклузивни фотки и видео од прекрасниот момент, за CRNOBELO.com.
По повеќе од една деценија љубов и заеднички живот, Драган Спасов Дац и неговата избраничка Весна официјално стапија во брак на 19.04.2022.
„Знам дека таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè. Љубов, огромна љубов е во прашање, а тоа е единствениот рецепт за среќа...“, изјави во една прилика Дац за CRNOBELO.com за својата сакана.
Денес, на 20-ти април 2022, нашиот актер полни 59 години, а по тој повод имаше роденденска забава минатата вечер во скопскиот локал Трибека, каде истовремено имаа и свирка заедно со Александар Митевски.
Како изненадување на вечерта, неговата долгогодишна партнерка Весна, во најголема тајност, со помош од сестрата на актерот, кумот Александар Митевски и нивните најблиски пријатели, организираше венчавка.
Весна имала возбудлив период во кој морала да организира матичар, да избере и купи бурми, да нарача бидермаер, а за сето тоа никако да не дознае нејзиниот партнер.
Во прекрасна атмосфера, во кругот на најблиските, но и на гостите во локалот, со насмевки на лицето, Драган и Весна го ставија својот потпис и ја крунисаа љубовта на која сведочеа кумот Александар Митевски и старосватицата Сандра Гавриловска.
Во еден момент од вечерта, Александар Митевски ја пее „Happy Birthday“ за да му го честита роденденот на Драган, а веднаш потоа со музика доаѓа невестата со вел кон него на бината, додека тој целосно изненаден и со насмевка ја пречекува.
„Ова само може оваа до мене лудача да ми го направи, не ми се верува. Браво! Е сега стварно се потресов“ – вели Драган на микрофон.
Честитки за парот!
Видео од изненадувањето:
Ексклузивни фотографии:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





