Животот на Сека Саблиќ - за себе вели дека е намќор што не се смее, крие кој е татко на нејзиниот син
- Детали
- недела, 02 април 2023
Прва асоцијација за српската актерка Јелисавета Сека Саблиќ се хуморот и нејзината заразна насмевка. Но, една од најдобрите југословенски актерки вели дека приватно е голем намќор и дека ретко што може да ја насмее.
Јелисавета Сека Саблиќ е родена на 13 јуни 1942 година во Белград, каде што и денес живее и работи.
Го има синот Стефан, кој е успешен пијанист и театарски режисер, а за кого секогаш вели дека е нејзината најголема гордост. Но и дека Стефан е на второто место на списокот на нејзини омилени мажи, откако се родил внукот Леон.
Сека растела во сиромаштија во повоена Југославија. Имала тешко, но среќно детство со двајца постари браќа.
Нејзиниот татко бил верен антикомунист. Мајка ѝ, пак, е Еврејка која едвај успеала да ја избегне смртта во озлогласениот нацистички логор во Сајмиште.
Завршила гимназија и во средношколските денови таа била еден од основачите на аматерскиот театар „Дадов“.
Дипломира на Факултетот за драмски уметности во 1965-та година, како најдобар ученик во класата на Мате Милошевиќ, а дебитираше во театарот „Бошко Буха“, заедно со тогашниот дечко, актерот Божидар Болет Стошиќ.
Сека никогаш не се омажи. Таа јавно не зборува многу за љубовниот живот.
Синот Стефан го роди на 34 години, но и денес крие кој е неговиот татко. Во кулоарите се зборуваше дека останала бремена од актер или филмски работник, но таа никогаш не го потврди, ниту го демантираше тоа.
Стефан, денес е успешен театарски режисер, а низ годините работел на претстави и со својата мајка.
Во 2013-та година Сека стана баба, го доби внукот Леон, кому му го посветува целото свое време, а вели и дека многу го разгалува.