По аферата со омажена жена во врска е со 12 години помлада девојка – Факти за синоокиот актер Онур Туна од „Добриот доктор“
- Детали
- сабота, 24 декември 2022
Се гледал со омажена актерка, а по 3 години таа му раскинала откако дознала дека има афера со друга жена. Потекнува од семејство на математичари, требало да стане економист, а денес е еден од најзгодните турски актери – Факти за Онур Туна од „Добриот доктор“.
На македонската публика ѝ стана познат по улогите во „Добриот доктор“ и „Забранетото јаболко“, а актерот Онур Туна важи за еден од најзгодните турски актери кој веднаш го привлекува вниманието со небесно сините очи.
Годинава во мај ја доби наградата за најдобар актер од страна на Универзитетот Окан во Истанбул, а 20.000 студенти гласаа за него за извонредната изведба на улогата на Ферман во серијата „Добриот доктор“.
По добивањето на наградата имаше гласини дека актерот платил за да добие награда со цел да има подобра биографија, но повеќето се сложни дека Онур Туна има извонреден талент и харизма и заради тоа го заслужува признанието.
Синоокиот убавец кај македонската публика почна да го краде вниманието уште со улогата на Aлихан во серијата „Забранетото јаболко“.
Во продолжение неколку интересни детали за неговиот приватен живот што можеби не сте ги знаелe:
Онур е роден во 1985-та година во Чанаккале, Турција. Мајка му е Турчинка која пораснала во Солун, и работела како службеник во јавната администрација, додека татко му и брат му се професори по математика.
На почетокот тој тргнал по стапките на татко му и студирал економија во Бурса, а се запишал и на музичка академија, но откако се преселил во Истанбул почнал да зема часови по глума. Вели дека за актерството бил заинтересиран уште во средно образование кога почнал да се појавува во училишни претстави.
Прашан дали се соочил со противење од страна на најблиските затоа што одлучил да се посвети на актерството и не продолжил по стапките на татко му, Онур вели дека неговите родители го поддржувале за сите одлуки.
Висок е 195cm, во средно училиште играл одбојка и кошарка, а додека бил студент работел и како модел.
На приватен план, актерот прво беше во врска со актерката Седа Ѓувен, со која беше и верен. Нивната врска траеше 3 години, а започнала како афера, додека Седа била во брак со музичарот Керем Џем.
Како причина за разделбата се наведува дека Онур се вљубил во друга колешка со која снимале заедно и Седа заради тоа одлучила во 2017-та година да стави крај на свршувачката.
Прочитајте и Факти за турскиот актер кој го игра „добриот доктор“ со аутизам – се поистоветува со ликот, сопругата му потекнува од Југославија
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





