Факти за турскиот актер кој го игра „добриот доктор“ со аутизам – се поистоветува со ликот, сопругата му потекнува од Југославија
- Детали
- недела, 29 мај 2022
Кај македонската публика е познат како докторот Али Вефа од турската серија „Добриот доктор“, кој страда од савант синдром и аутизам. Освен што ја освои публиката на Балканот, турската серија е мошне популарна и во Јужна (Латинска) Америка – што знаеме за Танер Олмез?
Ликот во серијата, Али Вефа ја освои и македонската публика со својата тажна приказна. Станува збор за човек кој бил роден во провинциско место, а кога бил мал татко му го дал во сиропиталиште.
Заради савант синдромот, тоа значи дека Али од една страна е ментално под просекот, но затоа е генијалец на некое специфично подрачје, како што кај него тоа е случај со медицината. По завршувањето на медицинскиот факултет Али почнува да работи како помошник хирург во една приватна клиника.
Иако играл во повеќе други турски серии, актерот Танер е најпрепознатлив токму по оваа улога на Али, а благодарение на неа стана познат дури и во Аргентина, каде од минатата година почна да се емитува оваа серија.
Тој неодамна даде екслузивно интервју за тамошните медиуми каде појасни колку големо значење имала оваа улога за него.
Taner Ölmez, "Ali" de Doctor Milagro, en exclusivo - Cortá por Lozano¡Taner Ölmez en exclusivo para #CortáPorLozano! 🤩 El protagonista de #DoctorMilagro 🩺 reveló detalles de las grabaciones, confesó lo que significa para él interpretar a “Ali” y relató cómo fue el proceso para construir al personaje. Además, habló acerca de su pasión por la música y la actuación. ¡Mirá la entrevista completa! 🙌🏻
Posted by Telefe on Monday, September 20, 2021
Како што вели, откако почнал да ја игра оваа улога редовно му пристапувале родители на деца со аутизам кои имале само позитивни коментари.
„Тоа се случуваше постојано, од првиот ден. Серијата се емитуваше во четврток и следниот ден одев на снимање, еден човек со трчање ми пријде и ми рече дека има ќерка со аутизам и дека не му се верува дека говориме за таа тема на телевизија, од тие причини никогаш нема да ја заборавам улогата во ‘Добриот доктор’.
Ја завршив мојата работа како актер, што и вообичаено го правам, но ова донесе нешто повеќе, имаше позитивно влијание за голем број луѓе. Мислам дека направив нешто добро за многу луѓе“ – рече тој.
Танер вели дека дополнително ликот на докторот Али во голема мера имал некои допирни точки со него како човек, но не откри за што станува збор.