„Сите страсти имаат свое затишје“ - Здравко Чолиќ открива како опстанува бракот кога ќе ја снема страста
- Детали
- петок, 09 декември 2022
„Сите страсти имаат свое затишје, но љубовта и пријателството остануваат да ги држат луѓето во врска. Јас секогаш сум за тоа – ако нешто функционира, луѓето да не се разведуваат. Ако во текот на врската и бракот луѓето станале пред сè пријатели, тогаш таа врска е неуништива. И таквите врски опстануваат....“, вели Здравко Чолиќ.
фото: Инстаграм
Здраво Чолиќ е легендарен пејач со неверојатни гласовни способности, но и предан сопруг и татко.
Тој е во брак од 2001 година со сопругата Александра.
https://www.instagram.com/p/CEB87F3JFji/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading
Неодамна, во интервју за еден хрватски медиум, искрено проговори што според него е тајната на успешниот брак и дали имало љубомора од страна на неговата сопруга поради армијата негови женски обожавателки.
„Љубомора имаше на почетокот, но сосема е нормално, сите се љубоморни во љубовта.
И љубовта и љубомората имаат свое лице и мерка. Но, кога со некој си долго време, тој сфаќа дека живееш од тоа – во мојот случај музиката, и дека сето тоа е дел од работата и дека ништо не правиш намерно за да ја повредиш таа личност.
https://www.instagram.com/p/CKhOdmnhBoH/
Во оваа фаза веќе не паметам дали некогаш имало љубомора, но најверојатно да.
Но, по долг период забавување и познанство добрата работа е што луѓето си стануваат предани еден на друг и на крајот преовладува пријателството помеѓу нив. Сите страсти имаат свое затишје, но љубовта и пријателството остануваат да ги држат луѓето во врска.
Јас секогаш сум за тоа – ако нешто функционира, луѓето да не се разведуваат. Дури и кога има несогласувања. Развод само ако ептен мора.
Но, ако во текот на врската и бракот луѓето станале пред сè пријатели, тогаш таа врска е неуништива. И таквите врски опстануваат.
Љубовта на прв поглед е одлична, но најчесто не успева“, вели Здравко Чолиќ.
С. С. | Црнобело