Ги изгуби сите спонзорства, гласини за нов бизнис – Што прави Бака Прасе по скандалот со Жељко Митровиќ?
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
По месец и пол пауза успеа да си го врати каналот на YouTube, се пофали дека купил нов стан вреден повеќе од 2 милиони евра, а ќе вложува и во нов бизнис – Што прави српскиот јутјубер Бака Прасе по скандалот со Жељко Митровиќ?
Со месеци наназад на социјалните мрежи се водеше медиумската битка помеѓу српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе и газдата на „Пинк“ телевизија Жељко Митровиќ.
На „Пинк“ телевизија се емитуваше документарен филм во кој беа изнесени сите скандали на младиот јутјубер, а голем број следбеници јавно го поддржуваа на социјалните мрежи.
По големиот број обвинувања и прозивки на најпознатиот српски јутјубер му беше исклучен каналот на YouTube, по што му беше прекината соработката со најголем број од спонзорите, а Бака Прасе неколкупати беше повикан во полиција на сослушување затоа што во неговите видеа промовирал консумирање на опојни супстанци и брутално интернет насилство.
Бака Прасе во меѓувреме по месец дена пауза успеа да си го врати каналот на YouTube и отвори нов профил на Инстаграм, а вети дека вложува напори за да си го врати и стариот Инстаграм профил.
„Не можам да кажам дека паднав во депресија, но имав некои депресивни епизоди затоа што почнав да размислувам дека веќе нема да снимам. Затоа што не е исто да снимам на нов канал и на каналот на кој што работев шест години“ – рече тој.
Бака Прасе пред неколку недели објави видео во кое се пофали дека купил нов стан вреден 1,5 милиони евра, а додал уште 700.000 евра за уредување.
„Работев луѓе. Нема да се срамам од тоа што работев и заработив за овој стан. Ете, сега можете да ми кажете дека станот ми е лудило... Па, да, затоа што чинеше 2 милиона и 200 илјади евра“ – заклучи тој.
Од друга страна, додека Бака Прасе се фали со своите постигнувања, српските медиуми пишуваат дека тој наводно веќе нема да се потпира само на спонзорствата за заработка и има „план Б“ за тоа како да ги вложува заработените пари.
По предлог од неговиот татко, Ненад Илиќ, Богдан одлучил она што останало на неговата сметка да го вложи во нов бизнис со автоперални во Белград.
„Богдан мисли дека повторно ќе добива пари за рекламирање затоа што успеа да го врати каналот на YouTube, но сѐ уште нема понуди за тоа. Така, на крајот одлучи да го послуша татко му, па разгледа локали во градот.
Му се допаднаа три локации за отворање авто-перални, па во наредните месеци ќе потпишува договори и ќе ги опремува пералните“ – пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до Бака Прасе.
Инаку, тој деновиве почна да објавува нови содржини на неговиот YouTube канал, еден период се повлече од јавноста, а се очекува дека и во иднина повеќепати ќе треба да оди во полиција затоа што против него се поднесени повеќе пријави.
Б. С. Б. | Црнобело