Скандал во Србија: Јутјуберот Бака Прасе и сопственикот на телевизија Пинк со сериозни обвинувања еден кон друг
- Детали
- понеделник, 05 септември 2022
„Бака Прасе е виновен за смртта на Кика, а со измама силувал 14-годишно девојче, ќе откријам сѐ за неговите афери“ – напиша меѓу другото сопственикот на Пинк телевизија, Жељко Митровиќ, кој деновиве води медиумска битка со најпознатиот српски јутубер.
Најпознатиот српски јутубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, деновиве води медиумска битка со сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ.
Со денови наназад Бака Прасе и Жељко Митровиќ се препукуваат на социјалните мрежи, а првиот човек на Pink најави дека ќе почне да емитува документарен филм во кој ќе ја открие целата вистина за Бака Прасе.
Бака Прасе во минатото водеше медиумска војна со српската јутјуберка Кика Ѓукиќ, која минатата година си го одзеде животот, потоа водеше битка со раперот Voyage, а сега почна да го прозива медиумскиот могул Жељко Митровиќ.
На својот Инстаграм профил, Бака Прасе објави недолична фотографија во која држи огромен дрвен пенис и до фотографијата напиша:
„Митровиќ пу*и...“
Но, првиот човек на Pink одлучи веднаш да му одговори на фотографиите, така што објави песна што му ја посвети на јутуберот, а до неа во описот остави низа сериозни обвиненија за кои посочи дека ќе бидат образложени во новиот документарен филм што ќе се емитува на неговата телевизија.
„Овој е само најава за документарниот филм што премиерно ќе се емитува во четврток во 20 часот на телевизија Пинк.
Сѐ за неговите геј афери, како го доби автомобилот Lamborghini и кој дел од телото морал да го понуди за него, зошто тој е виновен за смртта на Кика, на кој начин со измама силувал 14-годишно девојче, искази од сведоци и очевидци, зошто намерно пренесувал полово преносливи болести, кога се запознал со Веља Невоља и колкав рекет плаќал, зошто не пријавил во полиција кога бил ставен во багажник“ – напиша Митровиќ во описот.
Инаку, споменатиот Веља Невоља беше предводник на навивачката група „Принципи“ на ФК Партизан од Белград, а од 4-ти февруари 2021-ва година е уапсен. Според српските истражни власти зад навивачката група се криеле повеќе сериозни криминалци, а Веља бил нивен предводник.
Бака Прасе пак во Инстаграм стори одлучи да одговори на обвиненијата и меѓу другото напиша:
„Тој најави дека ќе излезе документарец со докази против мене, но нели е илегално да се кријат и да се чуваат докази? Ако дури сега објавува докази, тоа значи дека или лаже или е соучесник.“
Инаку, Бака Прасе по смртта на младата српска јутјуберка Кика Ѓукиќ, објави дека раскинал со девојката Ања Благојевиќ и дека се повлекува од YouTube. Сепак, во изминатиот месец, објави видео во кое покажа дека тој и Ања се помириле, по што започна медиумската војна со Митровиќ.
Според многумина негови следбеници, раскинувањето со Ања беше само маркетинг трик, а тие лажеле дека се разделиле.
Што се однесува до обвиненијата од Митровиќ за Бака Прасе, се знае дека јутјуберот навистина беше задржан во полиција на распит за смртта на младата Кика Ѓукиќ, а исто така бил вплеткан во скандал за педофилија. Освен тоа, минатата година беше и на распит во полиција каде говореше за неговите средби со Веља Невоља.
Прочитајте и Стан од 2,5 милиони евра, скандал за педофилија: Бака Прасе (23) - најпознатиот српски Јутубер
Б. С. Б. | Црнобело