Била адвокатка на Меланија Трамп, оди на куглање и вози мотори – Која е првата жена претседател на Словенија?
- Детали
- понеделник, 14 ноември 2022
Стекнала слава како ТВ лице, дојде на власт како независен кандидат, а била адвокатка на Меланија Трамп – Што знаеме за Наташа Пирц Мусар која стана првата жена претседател на Словенија?
Наташа Пирц Мусар е првата жена што ќе биде претседател на Словенија.
Во вториот круг од претседателските избори во Словенија што се одржаа вчера (13.11.), Наташа го победи противкандидатот Анже Лагор, а на изборите се пријави како независен кандидат, без да добие поддршка од партиите.
Во продолжение неколку интересни факти за неа:
Наташа е родена во 1968-ма година во Љубљана во работничко семејство, детството го поминала во Камник, а денес живее во Радомље. Дипломирала на правниот факултет во Љубљана, а 23 години подоцна докторирала на Правниот факултет во Виена.
https://www.instagram.com/p/Ckp2-P8I_ik/?utm_source=ig_web_copy_link
Кариерата ја почнала како новинар на националната словенечка телевизија, по што се вработила во ПОП ТВ.
https://www.instagram.com/p/ChXcu4OqZ0_/?utm_source=ig_web_copy_link
Во јули 2004-та година се вработила во Народното Собрание, а од 2014-та година па наваму се занимава со адвокатура.
https://www.instagram.com/p/Ck1g9yXog5h/?utm_source=ig_web_copy_link
Интересно, но во времето додека работеше како адвокат, Наташа ја застапувала Меланија Трамп и нејзиниот татко Виктор Кнавс, во случајот кога поранешната прва дама на САД и нејзиниот татко поднесоа тужби за клевета против новинари што тврдеа дека таткото на Меланија во младоста бил сместен во затвор.
https://www.instagram.com/p/Cj8rc5bIJoC/?utm_source=ig_web_copy_link
Слично како и поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, и Наташа е мошне присутна на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CXV0sAFJXLY/?utm_source=ig_web_copy_link
Таа има две чивави и околу 20 години собира фигури од бувови. Таа вели дека ја сака оваа птица затоа што е симбол на мудроста, а во слободно време сака да оди на куглање и да вози мотори.
https://www.instagram.com/p/CdD8VC4IQDg/?utm_source=ig_web_copy_link
Според словенечнките медиуми, таа има околу 273.000 евра заштеда во банка, а е сопственичка на 145 акции од „Крка“ кои во моментов вредат околу 62.000 евра.
Таа се јавува како косопственичка на три компании, а во брак е со хрватскиот бизнисмен Алеша Мусар, кој стекнал огромно богатство на почетокот на приватизацијата на државните компании. Наташа тврди дека целото богатство го заработиле чесно и по легален пат.
Заедно го имаат синот Макс кој е студент на Машински факултет.
https://www.instagram.com/p/ChHGthPold1/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело