Хрватска инфлуенсерка: „Татко ми имаше рак на дојка – не знаев дека и мажите може да заболат од оваа болест“

„Кај мажите ракот на дојка е поредок, но често поопасен затоа што тие не одат на редовни прегледи и најверојатно не се информирани дека и тие се загрозени“ – вели Карла Зелиќ, хрватската инфлуенсерка чијшто татко успеал да се избори со рак на дојка.

hrvatska-influenserka-tatko-mi-imashe-rak-na-dojka-ne-znaev-deka-i-mazhite-mozhe-da-zabolat-od-ovaa-bolest-01.jpg

Хрватската инфлуенсерка Карла Зелиќ за хрватскиот магазин Story.hr ја раскажа приказната за борбата на нејзиниот татко со ракот на дојка. Како што вели, иако ретко се случува, сепак сосема е возможно и мажите да заболат од оваа болест.

Карла Зелиќ е една од најпознатите модни блогерки во Хрватска, а таа отворено говори дека спаѓа во категоријата жени што имаат мошне висок ризик од заболување од рак на дојката.

Како што вели, сѐ додека не слушнала дека татко ѝ боледува од оваа болест воопшто не знаела дека и мажите може да заболат.

„Кога ја слушнав таа вест бев во целосен шок. Не само заради дијагнозата на ракот, затоа што тоа мошне често се случува денес, туку повеќе ме изненади тоа што тој, како маж има рак на дојката.

Навистина не знаев дека и мажите може да заболат од рак на дојка до тој момент. Ни беше тешко на сите: мене, но и на моите сестри и на мајка ми.

Сите бевме мошне загрижени затоа што не знаевме какви ни се прогнозите во тој момент“ – вели Карла.

Процесот на опоравување траел околу една година, а Карла вели дека ракот на дојка во нивното семејство е наследен.

Па така, освен татко ѝ, од оваа болест заболела претходно и неговата сестра, а Карла и нејзините три сестри спаѓаат во високоризичната категорија.

Токму затоа сите три редовно одат на прегледи, а таа вели мошне е важно редовно да се прави и самопреглед.

„Татко ми рече да им порачам на сите мажи да се самопрегледуваат, затоа што ако тој не ја почувствувал грутката навреме додека се туширал, не знае каде би бил денес“ – вели таа.

https://www.instagram.com/p/Cdn2RmGM92p/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, ракот на дојка иако е најзастапен кај жените, во 1 отсто случаи може да се јави и кај мажи.

Речиси сите пациенти се жалат на грутки зад брадавиците и ареола, а кај голем број мажи се случува од оваа маса да има и крвав исцедок од ареолата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg